Германија: Родители тужат училишта поради обврската за носење маски

Од:

По само неколку дена од почетокот на новата учебна година, во некои германски покраини училиштата се борат со тужби на суд поради обврската за носење заштитни маски за време на часовите.

Вишиот управен суд во Минстер доби неколку тужби во кои се оспорува обврската за носење маски за сите ученици и вработени во германските школи.

Семејство од Еускирхен во Рајнланд сака да добие мислење на судот во забрзана постапка дали мерката донесена од провинцијата Северна Рајна Вестфалија е во согласност со законот.

Високиот суд исто така доби жалба поднесена до судот во Дизелдорф од ученик од Нететал, кој сака укинување на обврската за носење маски за време на часовите.

Според портпаролот на Високиот суд, се уште не е познато кога судот ќе донесе одлука.

Би можело да ве интересира

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он

Политико: Германската крајна десница користи вештачка интелигенција за да освои гласови

„Билд“: Напад кај споменикот на Холокаустот во Берлин, едно лице е тешко повредено

Германија: Не смееме сега да згрешиме и да му направиме услуга на Путин

Катерина Ѓуровски

И Германија е подготвена да испрати мировни трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски