Германија препорачува вакцината на АстраЗенека да се дава само на помлади од 65 години

Од:

Вакцината на британската компанија АстраЗенека против Ковид-19 треба да се дава само на лица на возраст под 65 години, соопшти денеска германскиот комитет за вакцини во ажурираната препорака за вакцини, наведувајќи дека има недоволно податоци за препорака на употреба на оваа вакцина на постари возрасни групи.

„Во моментов нема доволно податоци за да се процени ефикасноста на вакцината за лица над 65 години“, соопшти комитетот во одлуката ставена на располагање на германското Министерство за здравство.

Вакцината на АстраЗенека, за разлика од мРНК вакцината, треба да им се нуди само на лица на возраст од 18 до 64 години во секоја фаза, се вели во соопштението.

Европската агенција за лекови утре ќе донесе одлука за одобрување на вакцината на АстраЗенека против Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Шокантна изјава од АстраЗенека: Не беше работа на компанијата да се занимава со ковид вакцина

Предраг Петровиќ

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

ФДА ги одобри обновените Ковид-19 вакцини против сојот Омикрон БА.4 и БА.5

Русија разви вакцина против новите варијанти на коронавирусот

Катерина Ѓуровски

ЕК се подготвува за следната фаза на Ковид-19, треба да се зголеми вакцинацијата

А1он

ФДА: Сегашните вакцини не штитат најдобро од омикрон

А1он