Германија: Не ни е познато дека Кина прикривала податоци за епидемијата

Од:

На германската Влада не и е познато дека Кина забошотувала какви било податоци во врска со епидемијата на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство.

Според „Рајнише Пост“, Министерството посочи деказа дефиниција и броење на потврдените инфкеции потребен е лабораториски наод и оти во Кина, во еден период, само таквите случаи со соодветни клинички симптоми и радиолошки неод се водени како потврдени случаи.

„Имајќи ја предвид тогашната ситуација, прилагодување на дефиницијата за време на епидемија е разбирливо“, велат од Министерството, одговарајќи на пратеничко прашање.

На почетокот на епидемијата, Кина користеше помалку детална дефиниција за потврдени случаи на коронавирус, а откако се смени дефиницијата дојде до големо зголемување на бројот на потврдени инфекции во таа земја.

САД и некои други земји ја обвинуваат Кина дека на почетокот на годината се обидувала да ја прикрие вистинската состојба со ширењето на инфекцијата.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски