Германија ќе претседава со ОБСЕ во 2016 година

Од:

Земјите-членки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) се договорија Германија да биде нејзин претседател во 2016 година, јави ДПА.

Едногласната одлука беше донесена на годишната средба на шефовите на дипломатиите на ОБСЕ во швајцарскиот град Базел, изјавија дипломатски извори.

На средбата Австрија беше избрана да претседава со организацијата во 2017 година.

За време на претседавањето на ОБСЕ оваа година Швајцарија требаше да се занимава со украинската криза во рамки на дејноста на организацијата, меѓу чии членки се Русија и повеќе западни држави.

Се очекува претседателството на Србија идната година да биде внимателно набљудувано, затоа што земјата не само што има блиски односи со Москва, туку и се стреми да се присоедини кон ЕУ.

Би можело да ве интересира

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Блинкен и Лавров се разминаа во Скопје, САД и Русија спротивставени за иднината на ОБСЕ, за Украина, Балканот

Габриел не сакала да биде на иста маса со Лавров и затоа предвреме заминала од Скопје

Горан Наумовски

Хипи: Луѓето сакаат да бидат на евроатлантската траекторија бидејќи веруваат во слобода и демократија

Заврши Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, постигнат консензус за идниот претседавач, но не и за буџетот

Лавров: Србија нема да ја примат во ЕУ додека не го признае Косово

Орце Костов