Германија итно ќе го разгледува барањето на Полска да и се дозволи извоз на тенкови во Украина

Од:

Германската Влада најитно ќе се ангажира за барањето на Полска да и се дозволи на Варшава да извезува тенкови „Леопард“ во Украина, изјави денеска државниот секретар во Министерството за економија Свен Гиголд.

„Можам само да ви кажам: Итно ќе работиме за да донесеме одлука“, рече Гиголд на конференцијата за одбрана во Берлин организирана од „Handelsblatt“.

Претходно денеска Германија го доби официјалното барање на Полска за повторен извоз на тенкови „Леопард“ во Украина, објави полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак.

Висок функционер во Министерството за надворешни работи, Тобијас Линднер изјави дека конечната одлука дали Германија ќе испрати тенкови „Леопард“ во Украина или ќе им дозволи на други земји ќе биде донесена со консензус на Владата во Берлин.

„Верувам дека ви е добро познат ставот на мојата министерка во оваа дебата“, додаде тој, мислејќи се на изјавата на министерката за надворешни работи Анален Бербок, која во неделата објави дека Германија нема да застане на патот на другите земји кои испраќаат тенкови „Леопард“ во Киев.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц