Германија и Австрија ги прекинаа спасувачките операции – избувнаа судири, имаше и пукотници

Од:

Германија ги прекина спасувачките и хуманитарните активности на местото на смртоносниот земјотрес во Турција поради безбедносни причини, по сличен потег на Австрија.

Германската Федерална агенција за техничка помош (THW) ги прекина спасувачките операции поради промена на безбедносната ситуација во регионот Хатај, соопшти организацијата во соопштение.

„Во последните неколку часа безбедносната ситуација во регионот Хатај јасно се промени. Има се повеќе информации за судири меѓу различни групи. Затоа, тимовите за пребарување и спасување на ИСАР Германија и ТХВ засега ќе останат во заедничкиот базен камп. ИСАР и ТХВ ќе продолжат со работа веднаш штом АФАД оцени дека состојбата е безбедна“, се наведува во соопштението.

Австриската војска, исто така, ги наведе безбедносните ризици како причина за прекинот на своите спасувачки операции.

Би можело да ве интересира

Бебето извлечено од урнатините по земјотресот во Сирија е здраво и среќно

Горан Наумовски

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Бројот на загинати во земјотресите во Турција на 6 февруари продолжува да расте

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Малата Афра родена под урнатините во Сирија денеска живее без своите родители кај роднини

Горан Наумовски

Турција: Бебето што 128 часа беше под урнатините, по 54 дена повторно е со својата мајка

Горан Наумовски

Чудо во Турција, спасена е мачка од под рушевините дури 49 дена по земјотресот: Не можеле да им веруваат на очите кога почнале да ги отстрануваат урнатините

Горан Наумовски