Германија годинава може да собори рекорд во извоз на оружје

Од:

Германија бележи рекорден извоз на оружје и оваа година тој би можел да го надмине продаденото количество на оружје од 2015 година, соопшти германската Влада.

– До крајот на септември германската Влада одобри извоз на оружје во вредност од 6,35 милијарди евра, што е 75 отсто повеќе од истиот период минатата година, наведува Владата.

Со тоа оваа година би можел да биде соборен рекордот од 2015 година, кога Германија извезе оружје во вредност од 7,86 милијарди евра.

Министерот за економија Петер Алтмајер таквиот драстичен пораст го објаснува со фактот дека минатата година многу одлуки за извоз на оружје во одделни земји „стоеле на мраз“, поради спорот околу ова прашање внатре во демохристијанско-социјалдемократската Влада.

Тоа посебно се однесува на извозот на оружје во Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, кои поради вмешаност во војната во Јемен, се наоѓаат на листата на држави за кои е спорен извозот на оружје.

На прво место според набавеното количество оружје се наоѓа Унгарија, која во првите девет месеци годинава од Германија купила оружје во вредност од 1,77 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Трипуновски: Јаболкото во Ресен ќе остане неоткупено заради големиот увоз на странско јаболко во Македонија

Орце Костов

Државата исправена пред економска логика – ќе го поддржат ли извозот на рударството за зголемен економски раст?

Орце Костов

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас