Германија годинава депортирала двојно повеќе бегалци од лани

Од:

Повеќе од 18.000 баратели на азил до ноември оваа година, биле депортирани од Германија во своите матични земји, објави германското Министерство за внатрешни работи.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, до крајот на годината бројката на депортирани би можела да се зголеми на околу 20.000, што е двојно повеќе во споредба со лани.

Во 2014 од Германија биле вратени околу 10.000 баратели на азил за кои германските власти процениле дека не ги исполнуваат условите да добијат азилантски статус во земјата.

Најголем број економски мигранти биле одбиени од покраината Баварија, речиси три пати повеќе од минатата година, а зголемување на депортации има во речиси сите други федерални единници.

Една од главните причини за зголемувањето на бројот на депортираните баратели на азил е огромниот број на бегалци од Сирија, Ирак и Аввганистан, што придонесе германските федерални или покраински власти да ги забрзаат процедурите по кои азилантите од т.н. безбедни земји, како балканските држави, да бидат по скратена постапка вратени дома.

На голем дел од одбиените баратели на азил им се остава простор да не бидат депортирани во придружба на полиција, туку да се вратат доброволно. Оваа можност годинава ја искористиле околу 35.000 луѓе.

Одбиените баратели на азил кои се враќаат дома доброволно, имаат шанса повторно да побараат азил, а тие што се депортирани добиваат забрана за влез во Германија и ЕУ за одреден период.

Во октомври оваа година германскиот Парламент донесе одлука според која, покрај Македонија, Србија и Црна Гора, за безбедни земји ги прогласи и Косово, Албанија и Босна и Херцеговина, со што нивните граѓани имаат минимални шанси да добијат азил во Германија. На врвот на листата на земји од каде што доаѓаат економските мигранти се Косово и Албанија.

Би можело да ве интересира

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад