Германија го суспендира учеството во мировната мисија на ОН во Мали

Од:

Германија го суспендира своето учество во мировната мисија на Обединетите Нации во Мали. Земјата денеска информираше за одлуката, откако на цивилен авион со германски војници не му било дозволено да помине низ воздушниот простор на западно – африканската држава.

Летот бил дел од ротација на војници, а германски официјални лица посочија оти не е првпат Мали да одбие дозвола за прелет.

Германската министерка за одбрана, Кристин Ламбрехт, тврди дека нејзиниот колега од Мали, Садио Камара, не се придржува до договореното.

Според нејзиното Министерство, германските трупи сега ќе се фокусираат за обезбедување на сопствената безбедност.

– Дејствата на Камара зборуваат поинаков јазик од неговите зборови. Затоа, ние мораме да преземеме мерки и да ја суспендираме операцијата на нашите извидувачки сили и транспортните летови (со хеликоптери) до понатамошно известување, подвлече Ламбрехт.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Германија испраќа војници на прагот на Русија за прв пат по Втората светска војна

Германија ќе и обезбеди на Украина повеќе од 11 милијарди евра воена помош до 2029 година

Новата германска влада подготвува казна за Орбан

Германскиот парламент почнува со работа, АфД за прв пат најсилна опозиција

ВИДЕО: Во Берлин трет неонацистички собир, се собраа и контрадемонстранти

ВИДЕО: Се урна мал авион во Германија, од остатоците извлечено шестгодишно девојче