Германија го повлече ракетниот комплекс „Патриот“ од Турција

Од:

Германија ги повлече своите противвоздушни ракетни комплекси „Патриот“ од Турција, пренесуваат руските медиуми.

Бродот со кој порано во Турција беа донесени противвоздушните ракетни комплекси „Патриот“, што и припаѓаат на Германија, го напушти пристаништето Искендерун, јави турската агенција Анадолија, повикувајќи се на извор од пристаништето.

Претходно германската Влада изјави дека мандатот на нејзината воена мисија, што го сочинуваа две батерии со ракети „Патриот“, со 250 членови на персоналот, кои се наоѓаа во турската провинција Караманмараш, истекува во јануари 2016 година.

Шест батерии „Патриот“ на земји членки на НАТО, по две од САД, Германија и Холандија, во 2013 година беа распоредени во пограничните подрачја меѓу Турција и Сирија.

Нивната мисија беше да ја штитат земјата од можни воздушни напади од страна на Сирија.

Во септември 2014 година Шпанија одлучи во Турција да испрати свои комплекси „Патриот“ во замена за холандските, наведуваат руските медиуми.

Би можело да ве интересира

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски