Германија го повика турскиот амбасадор на разговор поради прославата на Демирал на ЕУРО

Од:

Амбасадорот на Турција во Германија е повикан на разговор во Министерството за надворешни работи во Берлин поради контроверзната прослава на голот на турскиот фудбалер Мерих Демирал. Ахмет Башар Шен беше повикан да преземе мерки за да спречи понатамошна употреба на „волчјиот поздрав“, симбол поврзан со групата Сиви волци.

Сивите волци се класифицирани како десничарска екстремистичка група со 18.500 до 20.000 членови во Германија, што ги прави втората по големина десничарска екстремистичка организација, според германските разузнавачи.

Експертите за екстремизам велат дека светогледот на Сивите волци е цврсто националистички и исламистички, со омраза кон Курдите, Евреите, христијаните, Ерменците, Грците, Европската унија и САД. Групата, која има долга историја на тероризам датира од 1970-тите, е обвинета за бомбашките напади во Париз и Бангкок и обидот за атентат врз папата Јован Павле Втори.

Сепак, Сивите волци и „волчјиот поздрав“ не се забранети во Германија, за разлика од соседните Австрија и Франција. Демирал покажа го употреби контроверзниот гест откако постигна гол во осминафиналето на Турција против Австрија, кој неговиот тим го доби со 2:1.

Турците го сочинуваат најголемото поединечно етничко малцинство во Германија. Во земјата живеат 1,54 милиони Турци, додека уште 1,4 милиони германски државјани се со турско потекло. Успехот на репрезентацијата на Евро предизвика бурни прослави на Турците ширум Германија, пишува Гардијан.

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер ја осуди прославата на голот, пишувајќи на Х: „Користењето на фудбалското првенство како платформа за расизам е целосно неприфатливо“. Таа ја повика УЕФА да спроведе истрага и да размисли за воведување санкции за турскиот тим. УЕФА вчера го суспендираше Демирал на два натпревари.

Според пишувањата на германските и турските медиуми, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во последен момент направил корекција на плановите за патување за да може да присуствува на саботниот четвртфинален натпревар против Холандија.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија