Германија ги повика американските власти да имаат доверба во сопствениот изборен

Од:

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас ги повика американските власти да имаат доверба во изборниот процес, бидејќи резултатот од претседателските избори што се одржуваат во САД сè уште е неизвесен.

– Одзивот на гласачите е историски голем, но за жал, и поларизацијата. Затоа е важно сите политички лидери … да создадат атмосфера на доверба во изборниот процес и резултатите, рече Мас.

Претседателот на САД и кандидат на Републиканците Доналд Трамп утрово изјави дека изборниот процес е голема измама и дека ќе го оспори пред Врховниот суд.

Веднаш реагираше штабот на кандидатот на демократите Џо Бајден, наведувајќи дека ќе се борат против сите напори на штабот на Трамп да се обрати до Врховниот суд со цел да спречи натамошно пребројување на гласовите.

Би можело да ве интересира

Политико: Германската крајна десница користи вештачка интелигенција за да освои гласови

„Билд“: Напад кај споменикот на Холокаустот во Берлин, едно лице е тешко повредено

Германија: Не смееме сега да згрешиме и да му направиме услуга на Путин

Катерина Ѓуровски

И Германија е подготвена да испрати мировни трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Објавена просечната плата во Германија за 2025 година