Германија ги критикува најавите на САД за нови санкции за Северен тек 2

Од:

Германската Влада изрази жалење поради најавите од САД дека би можеле да ги продолжат санкциите за гасоводот „Северен тек“ 2, кој треба да ја поврзе Русија со Германија.

„Новите санкции би биле сериозно мешање во европската енергетска безбедност и суверенитетот на Европската унија“, се наведува во соопштението на германското Министерство за надворешни работи.

Вашингтон воведе санкции кон крајот на минатата година, наменети за бродовите кои поставуваат цевки во Балтичкото Море и странските државјани кои се вклучени во тие работи. Мерките го одложија завршувањето на проектот, планирано за крајот на минатата година.

Овој месец, група американски сенатори претставија предлог-закон, со кој се предлага санкционирање на компаниите кои обезбедуваат бродови за други активности поврзани со проектот.

Вашингтон предупредува дека ЕУ ќе биде уште повеќе зависна од рускиот природен гас поради гасоводот, на што предупредија Украина и некои членки на ЕУ, како Полска.

Русија, пак, тврди дека САД се обидуваат да го урнат гасоводниот проект за да го отворат патот за американските снабдувачи на природен гас кој, како што тврди Москва, ќе се извезува во ЕУ по повисоки цени од руските.

Би можело да ве интересира

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он