Германија e погодена од неверојатни поскапувања

Од:

Германија е погодена од неверојатни поскапувања, a причините за овие поскапувања се пред се климатските промени.

Германските потрошувачи морале да платат 16,7 отсто повеќе за чоколадо во март отколку во истиот месец минатата година, објави германскиот Завод за статистика.

Најзначајно поскапување е забележано кај чоколадите (+25 отсто). Но забележително се повисоки цените и на другите чоколадни производи (+11,1 отсто).

„За разлика од нив, има нерамномерен развој на цените на кондиторските и бели печива“, констатираа статистичарите. Тие во март поскапеа за вкупно 3,1 отсто. Ова пред се се однесува на цените на пралините и бонбоните. За разлика од нив, мало намалување има кај гуми за џвакање, гумени бонбони и слични производи. За споредба, цените на храната во целина пораснале за три отсто во истиот период.

А среднорочните споредби јасно покажуваат дека чоколадото минатата година морало да се плати 40 отсто повеќе отколку во 2020 година, при што класичното чоколадо поскапело за 32 отсто, додека другите чоколадни производи требало да се платат дури 46 отсто повеќе. Слатките во тој среднорочен период поскапеле за 29 отсто, а јајцата за дури 38,5 отсто. Во тие четири години цените на храната во целина пораснале за 33 отсто.

Причините за овие поскапувања се пред се климатските промени. Лошата жетва влијаеше на цените на какаото во последните години. Периодите на суша се менуваат со обилни врнежи, првенствено во земјоделските делови на Западна Африка. Какаовите дрвја се сè поподложни на напади од штетници кои брзо и непречено се размножуваат во такви временски услови.

Претходно оваа недела, западноафриканската земја Брегот на Слоновата Коска, најголемиот светски производител на какао, предупреди на ризикот од пропаѓање на земјоделските култури поради прекумерните врнежи. Бербата во таа земја се одвива од април до септември. Прогнозите укажуваат на ризик од обилни дождови, па затоа не е загрозен само квантитетот на родот, туку и неговиот квалитет. А тоа тогаш значи ново поскапување на светскиот пазар.

Би можело да ве интересира

Мерц му порача на Израел: Дозволете хуманитарната помош да стигне до луѓето

За украдено плишано мече сопственикот нуди награда од 5.000 евра

А1он

Бербок потрошила 20.849 евра за шминка за три месеци, а Шолц 13.015 евра за четки за пудра

(ВИДЕО) Хорор на фестивалот: Огномет експлодираше во публиката, голем број повредени

Германската влада не го поддржува нацрт-буџетот на ЕУ

Тревога во Берлин: Губиме на сите фронтови