Лидерката на AfD: „Левица“ e партија што сака да пука во богатите

Од:

Лидерката на AfD, Алис Вајдел, предизвика реакции вечерва откако во пренос во живо на ZDF изјави дека „Левица“ е партија што сака да „пука во богатите“.

Иако изјавата звучеше шокантно, Вајдел се повика на настан од 2020 година, кога на партиска конференција навистина беше изречена слична реченица.

Водителката на ZDF, Шакунтала Банерџи, најави проверка на фактите по изјавата на Вајдел.

Спорната реченица потекнува од стратешката конференција на „Левица“ во Касел во 2020 година.

Тогаш, една членка на берлинскиот огранок на партијата се вклучи од публиката во панел-дискусијата за енергетската политика.

„Енергетската транзиција ќе биде потребна и по револуцијата. Дури и кога ќе пукаме во еден процент од богатите, сепак ќе мора да се грееме“, рече таа.

Бернд Риксингер, тогашниот копретседател на „Левица“, реагираше со зборовите:

„И јас сакав да кажам: нема да пукаме во нив, туку ќе ги испратиме да прават нешто корисно.“

Неговата реакција предизвика дополнителни критики.

Жената што ја изрече спорната реченица, чие целосно име не беше објавено, неколку дена подоцна се извини во интервју за германската новинска агенција dpa.

„Тоа е целосно спротивно на моите политички ставови. Се гнасам од насилство врз луѓе“, рече таа, додавајќи дека била возбудена и зборувала непромислено.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

AfD за првпат достигна 30 отсто, имаат огромна предност пред останатите

Предраг Петровиќ

Откриено кој стои зад најголемата руска саботажа во Европа досега

ВИДЕО: Средбата беше непотребна – Лавров по разговорот со германскиот шеф на дипломатијата

Воен авион се урна во американска воздушна база во Германија

А1он

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“