Герасимов: Европските земји кои имаат ПРО на НАТО ќе бидат главни цели на Русија

Од:

Началникот на Генералштабот на руските Вооружени сили, Валериј Герсимов предупреди дека европските земји во кои се инсталирани елементи на американската противракетна одбрана (ПРО) ќе бидат приоритетни цели на Москва.

Генералот Герсимов, за време на Меѓународната конференција за безбедност во Москва, истакна дека системите за ПРО, распоредени во Полска и Романија, претставуваат закана за Русија и таа е подготвена да одговори на таквата провокација.

– Ненуклеарните сили, каде што се поставени елементи на ПРО, станаа објект на приоритетен одговор, нагласи началникот на Вооружените сили на Русија, имајќи ги предвид Романија и Полска.

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, исто така, изјави дека воените вежби на НАТО во Источна Европа се насочени против Русија.

Тој истакна дека Русија и натаму е загрижена поради американската ПРО, инсталирана во Европа, бидејќи тоа претставува „закана за стратешката стабилност“.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски