Герашченко: Путин направи погрешен избор, наскоро ќе имаме нов претседател

Од:

Украинскиот советник за внатрешни работи Антон Герашченко зборуваше за денешниот бунт на групата Вагнер против раководството на Русија.

Тој сподели наводна изјава од група Телеграма поврзана со Вагнер:

„Путин направи погрешен избор. Толку полошо за него. Наскоро ќе имаме нов претседател“, се вели во објавата на споменатата група.

Руските Телеграмски канали јавуваат дека „војниците на Вагнер влегле во Воронеж и се на периферијата на Краснодар и Волгоград и никој не им дава отпор“.

Во меѓувреме, во руските градови се симнуваат транспаренти со кои се повикуваат луѓето да му се придружат на Вагнер.

Рускиот претседател Владимир Путин утрово имаше вонредно обраќање во кое акциите на Вагнер во Ростов ги окарактеризира како „вооружен бунт“ и најави строга казна за сите кои учествуваат во него. Путин рече дека ова е криминална авантуристичка кампања и дека е еднаква на вооружен бунт.

Во саботата, руската армија ги повика Вагнерците да го напуштат лидерот Евгениј Пригожин, велејќи дека тоа ќе ја гарантира нивната безбедност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина