Георгиева: Пандемијата продолжува да ја попречува светската економија

Од:

Пандемијата на Ковид -19 се уште го попречува заздравувањето на светската економија, а главната пречка е длабокиот јаз во вакцинацијата на богатите и сиромашните, предупреди денеска шефот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

– Премногу земји имаат пристап до само мала количина од вакцината против Ковид 19, истакна Кристалина Георгиева во виртуелен говор на Универзитетот Бокони во Милано.

Според неа, развиените економии ќе се вратат на нивоата пред пандемијата до следната година.

– На повеќето земји во развој ќе им требаат години за да го достигнат тоа, нагласи Георгиева, најавувајќи ги редовните прогнози на ММФ за падот на светската економија.

Таа појасни дека клучни двигатели на растот се уште се САД и Кина, дека активностите растат побрзо и во Италија и во Европа, но забавуваат во другите делови на светот.

– Се соочуваме со економско закрепнување што се уште е попречено од пандемијата и нејзините последици. Не можеме нормално да напредуваме, како да одиме со тегови на нозе, нагласи Георгиева.

Таа ги повика побогатите земји да го зголемат снабдувањето со вакцини за земјите во развој, да ги отстранат бариерите во трговијата и да обезбедат грантови од 20 милијарди долари за тестирање на Ковид -19, следење контакти и лекови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 2023 ќе биде тешка година, рецесија ќе зафати третина од светската економија предвидува ММФ

Катерина Ѓуровски

Шефот на ММФ: Суровата зима може да доведе до немири во Европа

Георгиева: ММФ ќе им помогне на државите засегнати од евентуалниот конфликт меѓу Русија и Украина

А1он

„Економист“ во редакциска колумна ја повика Кристалина Георгиева да се повлече од функцијата директор на ММФ

А1он