„Економист“ во редакциска колумна ја повика Кристалина Георгиева да се повлече од функцијата директор на ММФ

Од:

„Економист“ ја повика директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева, да се повлече од функцијата поради нејзината улога во скандалот со манипулации со податоци поврзани со Кина, додека таа се уште беше во Светската банка.

Според изданието, тој скандал го поткопал влијанието на ММФ.

Влијателниот лондонски магазин во жесток едиторијал истакнува дека наодите од надворешната истрага според која Георгиева извршила притисок врз службениците да ја сменат позицијата на Кина во рангирањето на „Дуинг бизнис“ во 2017 година, ја компромитираа способноста на ММФ да биде чувар на податоците за светските макроекономска статистика.

„Шефот на ММФ мора да биде непристрасен, додека двајца од неговите најголеми акционери, САД и Кина, се во спротивност едни со други во новата ера на геополитичко ривалство“, пишува Економист, додавајќи дека критичарите на мултилатерализмот веќе се повикуваат на наодите како доказ дека меѓународните организации не можат да се спротивстават на Кина.

„Следниот пат кога ММФ ќе се обиде да игра улога на арбитер во валутен спор или да помогне во презакажувањето на долг на држава позајмена од Кина, критичарите на фондот сигурно ќе се повикаат на оваа истрага за да ја поткопа довербата во институцијата. Ете зошто Георгиева, почитуван службеник во неколку меѓународни институции, мора да поднесе оставка“, се вели во уводникот на редакцијата.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели

ММФ: Доброто водење на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата

Горан Наумовски

ММФ: Македонската економија се опоравува, од суштинска важност намалување на емиграцијата и поттикнување на продуктивноста

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

Мицкоски: Поради епската неспособност на Владата имаме двојно промашување од прогнозата на ММФ и за 50% повисока инфлација од државите во ЕУ