Георгиева: ММФ ќе им помогне на државите засегнати од евентуалниот конфликт меѓу Русија и Украина

Од:

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) е подготвен да им помогне на земјите кои можат на некој начин да бидат погодени од конфликтот меѓу Русија и Украина и од санкциите наметнати од западните влади, изјави денеска директорката на ММФ, Кристалина Георгиева.

Таа во интервју за „Вашингтон пост лајв“ истакна дека санкциите неизбежно ќе нарушат некои финансиски операции и функционирањето на финансискиот систем, особено ако Русија е исклучена од мрежата на финансиски трансакции СВИФТ.

– Доколку се најдеме во ситуација да има несакани ефекти кои бараат поголем ангажман од ММФ за другите земји, јасно е дека ќе бидеме таму. Се уште имаме капацитет да позајмиме околу 700 милијарди долари, посочи Георгиева.

Пред неколку дена администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави дека ќе ги „поштеди“ обичните Руси од можни санкции доколку Русија ја нападне Украина. Ограничувањата ќе се фокусираат на индустриските сектори.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица