Генералното собрание на ОН му оддаде почит на починатиот венецуелски претседател Уго Чавес

Од:

Генералното собрание на ОН вчера му оддаде почит на поранешниот венецуелски претседател Уго Чавес, кој почина на 5 март, и кој од истата сала поранешниот претседател на САД Џорџ Буш го нарече „ѓавол“, соопштија француските медиуми.

Венецуелскиот министер за надворешни работи Елиас Хава Милано повторно прочита делови од говорот на Чавес, искажани во 2006 година од говорницата на Генералното собрание на ОН.

-Ѓаволот вчера дојде тука и денеска уште мириса на сулфур, тогаш изјави Чавес, шокирајќи ги лидерите од цел свет.

Милано изјави дека поранешниот венецуелски претседател бил „цел на систематска кампања за демонизирање од светските лидери“.

При сето тоа, според него, Чавес „ги надмина границите“ и „умре како победник“.

Генералниот секретар на ОН, во својот говор пред Генералното собрание, не го спомена овој говор на Чавес.

-Можеби најдобриот спомен, кој ќе го остави претседателот Чавес, ќе биде неговата способност да се поврзува на човеково ниво со најранливите и да ги изразува нивните стремежи, изјави Бан Ки-мун, цитиран од американските медиуми.

Тој потсети дека најголемото постигнување на Чавес била неговата помош за Хаити по опустувачкиот земјотрес од 2010 година.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски