Генералното собрание на ОН денеска го усвои првиот Меѓународен договор за трговија со оружје, пренесоа светските агенции.
Договорот воведува заеднички стандарди за трговија со конвенционалното оружја, од огнено оружје до борбени бродови и тенкови.
За поддршка на документот гласаа 154 земји, против беа само три (Иран, Сирија и Северна Кореја).
Дваесет и три земји, меѓу кои и Русија, се воздржаа, пренесоа руските медиуми.
Годишно приходите од трговијата со конвенционално оружје изнесуваат 70 милијарди долари.