Генерал Расул: ИД контролира само една десетина од западниот дел на Мосул

Од:

Ирачките вооружени сили ги опколиле борците на групата Исламска држава во стариот град на Мосул, јави армискиот портпарол во Багдад, цитиран од американските медиуми.

– Сега екстремистите контролираат само околу 10,5 проценти од територијата во западната половина на Мосул, изјави бригадниот генерал Јахија Расул.

Денеска, пред новинарите, генералот најави дека многу скоро целиот град ќе биде ослободен.

– Офанзивата се забави затоа што борбите се водат во густо населен регион со тесни улички. Но, само прашање на време е, и тоа многу малку време, додека се постигне победата, рече Расул.

Воената офанзива за освојување на Мосул од Исламска држава почна во октомври. Источната половина на градот беше ослободена во текот на јануари.

Мосул е вториот град по големина во Ирак. Низ него минува реката Тигар, која го дели на источен и западен дел.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска