„Газпром“ дополнително ја намали испораката на гас за француска компанија поради несогласувања

Од:

Француската енергетска компанија „Енџи“ (Engie) денеска соопшти дека добила известување од рускиот гигант „Газпром“ за дополнителни и моментални намалувања во испораките на гас „поради несогласувања меѓу страните за спроведување на договорот“. Испораките руски гас за француската компанија веќе значително опаднаа од почетокот на конфликтот во Украина, неодамна на само 1,5 терават час месечно.

Француската компанија потсети дека веќе вовела мерки со цел да може да ги снабдува своите купувачи, дури и во случај „Газпром“ целосно да ја прекине испораката.

Резервите гас во Франција го надминаа прагот од 90 отсто резерви за зимата – 91,47 отсто изутринава, а целта е 100 до ноември.

По санкциите воведени од западните земји против Москва поради тоа што ја нападна Украина, Русија неколкупати ја намалуваше испораката на гас за Европа, која од неа зависи во голем степен.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски