Гаук и Нетанјаху разговараа за мировниот процес на Блискиот Исток

Од:

Блокираниот блискоисточен мировен процес и глобалната закана од тероризмот беа централни теми на разговорите на германскиот претседател Јоаким Гаук и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска во Ерусалим, јави ДПА.

– Би сакал евреите и на Палестинците да ја пресечат таа бесконечна спирала на насилство и да воспостават односи на мир и меѓусебна доверба, рече Гаук, кој се наоѓа во посета на Израел, во обраќањето при добивањето на почесна докторска титула од Еврејскиот универзитет во Ерусалим. 

Германија го поддржува решавањето на израелско-палестинскиот конфликт преку создавање две држави. 

– Сега кока тероризмот се повеќе се приближува кон нас во Западна Европа, можам многу подобро да ги разберам заканите, со кои Израел живее со децении, изјави Гаук во врска со неодамнешните напади во Париз.

Со посетата на Гаук се одбележуваат јубилејни 50 години од воспоставување дипломатски односи меѓу Германија и Израел. 

Подоцна денеска се очекува Гаук да замине во посета на Јордан, каде ќе се сретне со јорданскиот крал Абдула Втори.

Би можело да ве интересира

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас