„Гардијан“: ЕУ игнорира „научно истражување“ и не забрани употреба на најмалку 30 пестициди

Од:

Европската унија избегна воведување забрана за најмалку 31 пестицид „игнорирајќи“ научно истражување што предупредува на хемикалии поврзани со деформација на фетус, генетски мутации, неплодност и други болести.

Научно истражување во сопственост на британскиот весник „Гардијан“ препорачува идентификување и категоризирање на канцерогените хемикалии што влијаат на ендокриниот состав (ЕДЦ) и предизвикуваат серија несакани ефекти.

Извори од Комисијата тврдат дека истражувањето е „закопано“ од страна на високи европски официјални претставници под притисок на компании што употребуваат хемикалии ЕДЦ во голем број производи.

Необјавената студија тврди дека ризикот поврзан со изложеност на помала количина ЕДЦ е така голем, што претставува доволна причина за негова забрана. ЕУ врз основа на истражувањето можела и требала да забрани голем број производи веќе предминатата година, пишува весникот „Гардијан“.

Според претставници на ЕК притисокот на големите „индустриски играчи“ како што се Баерн и БАСФ бил премногу голем, како и дека построгите критериуми на контрола предложени од истражувањето се отфрлени и применети поблаги мерки.

– Ние бевме подготвени да одиме со критериуми, исто како и стратешкиот предлог, но ни беше кажано да заборавиме на тоа од канцеларијата на генералниот секретар, изјави неименуван извор од Комисијата за „Гардијан“.

Минатиот месец 11 европарламентарци упатија писмо до еврокомесарот за здравство и безбедност на храна Вутени Андриукатис, во кое се бара од ЕУ да го почитува мандатот и да усвои построги критериуми за ЕДЦ.

Опасните хемикалии се предмет на судска постапка покрената од Шведска, ЕП и Советот на Европа.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија