Гватемалецот Освалдо Очоа (62) доживеа херојски пречек во главниот град Гватемала Сити, каде пристигна по протестниот марш, минувајќи пешки 200 километри, демонстрирајќи против корупцијата на власта во оваа средноамериканска држава.
Очоа вели дека за својот протест, се инспирирал од индискиот државник Махатма Ганди и неговите маршеви низ Индија, против британската колонизаторска власт.
Овој Гватемалец бара не само вистинска пресметка со корупцијата во власта во Гватемала, туку и социјални и политички промени, како и реформирање во земјоделството од кое живеат тој и неговото семејство.
Минатиот месец, по серијата откриени корупциски случаи, на северот од земјата, мораше да поднесе оставка потпретседателот на земјата, Роксана Балдети.
Гневниот Очоа кој е познат по прекарот „Кихот“ во текот на протестното пешачење, носел сламен шешир на главата и знамето на Гватемала, а одбивал и да јаде, пиејќи само сокови и чај.
Како и во случајот со Ганди, кому на неговите пешачења низ Индија, му се придружувале многу Индијци, така и на Очоа, во текот на протестниот марш, му се приклучиле бројни истомисленици, а најмогу припадниците и активистите на движењето „Гватемаланс“ кои бараат оставка поради корупциските скандали, да поднесе и претседателот на земјата, Ото Перез Молина.
Во текот на пешачењето, загубил четири килограми од својата телесна тежина.
Кога пристигна во Гватемала Сити тој ги повика своите подржувачи да се спротивставата на „неказнувањето на домашните политичари„ сите осомничени дека се збогатуваат со државни пари.
Претседателот Молина кој ја има подршката на армијата, изјави дека нема намера да се повлече, затоа што, како што вели, не направил ништо незаконско.