Габриел: Германија е загрижена за оценката на Трамп дека Иран не го почитува договорот

Од:

Германија е загрижена за оценката на американскиот претседател Доналд Трамп дека Иран не се придржува до Договорот за ограничување на нуклеарното оружје, а тоа би можело да ја одврати Северна Кореја од било каков договор за прекин на развојот на нејзината нуклеарна програма, изјави шефот на германската дипломатија Зигмар Габриел.

Тој истакна дека Германија е подготвена да го зајакне притисокот врз Иран со дипломатски средства, но оти Берлин не сака да види дека се нанесува штета на тој договор.

– Нашата голема грижа, во поглед на Северна Кореја, е дека е малку веројатно оваа диктаторска земја, да е подготвена да се согласи на меѓународен договор и да се откаже од развој на нуклеарно оружје, ако единствениот договор на светот, кој овозможи такво одрекување, е доведен во прашање, нагласи Габриел.

Би можело да ве интересира

Германија испраќа војници на прагот на Русија за прв пат по Втората светска војна

Стармер: Преговорите со САД за трговскиот договор „добро напредуваат“

Сибиха: Веќе започнавме консултации со САД за новиот текст на договорот за ретки минерали

Анкета: Повеќе од 50 отсто од Украинците стравуваат од неправеден мир

Се огласи Трамп по пресудата за Марин Ле Пен: „Тоа звучи како да е во оваа земја“

Баербок: Преговорите меѓу Русија и САД се во ќорсокак