Габриел: Европа се посрамоти со тоа што не постигна договор за бегалските квоти

Од:

Германскиот заменик канцелар Зигмар Габриел денеска изјави дека ЕУ се посрамоти со тоа што министрите за внатрешни работи на државите членки не постигнаа договор за планираните квоти за распределба на 120.000 бегалци.

Според Габриел земјите членки на ЕУ треба да разберат дека Европа е ставена под знак прашање бидејќи тоа што сега се случува и се заканува на Европа многу повеќе од грчката криза.

Габриел нагласи дека Германија не може сама да го реши проблемот со бегалците за половина свет.

Германскиот заменик канцелар, исто така, истакна дека Германија годинава ќе прими околу еден милион бегалци, што е значително повеќе од досега предвидуваната бројка од 800.000 бегалци.

На планираната распределба на бегалци од земјите на надворешните граници на ЕУ, како што се Италија, Грција и Унгарија, се спротивставија Чешка, Словачка, Романија и самата Унгарија.

Сите земји формално го прифатија првичниот предлог за распределба на 40.000 бегалци од Грција и Италија во следните две години.

Нагласувајќи дека вкупната бројка од 160.000 бегалци за кои се разговара, е само една капка во океанот, Габриел се заложи фондовите за помош на ЕУ да се искористат како средство за притисок на државите членки да ги прифатат задолжителните квоти.

– Германија не е подготвена да биде нето давател на пари во една Европа, на која сите сакаат да се приклучат со цел да добијат пари, но не се подготвени да споделат одговорност, истакна Габриел.

Ваквата идеја претходно ја изнесе претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер, како и германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезијер.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија