Г7 се закани со засилени санкции врз Северна Кореја

Од:

Земјите од групата Г-7 ќе извршат максимален економски притисок врз Северна Кореја, со цел да ја натераат државата да се откаже од својата нуклеарна програма, најави Масаши Акасава од јапонското Министерство за финансии по средба на претставници на министерствата на најразивените држави во светот.

Како што јави ТАСС, министрите ќе сторат се што е во нивна моќ да не остават простор за Северна Кореја да пронајде дупка во санкциите.

Северна Кореја веќе се соочува со санкции за трговијата со текстил, енергенси, а на бродови кои го прекршуваат ембаргото им се изрекуваат забрани за пристап до пристаништа во која било друга земја.

Пјонгјанг неодамна изврши ракетни проби при што лансираше проектили преку Јапонија, при што претседателите на САД и на Северна Кореја, Доналд Трамп и Ким Џонг-ун разменија закани за меѓусебно уништување со нуклеарно оружје.

Би можело да ве интересира

Земјите од Г7 размислуваат како да и помогнат на Украина со замрзнатите руски средства

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници