Г7: Сè уште не гледаме дека Русија ги намали воените активности

Од:

Министрите за надворешни работи на Г7 денеска ја повикаа Русија да ги намали тензиите околу Украина и соопштија дека не гледаат докази дека Москва ги намалува воените активности во близина на украинската граница.

– Ја повикуваме Русија да го избере патот на дипломатијата, да ги намали тензиите, суштински да ги повлече воените сили блиску до украинската граница и целосно да ги почитува меѓународните обврски, се вели во заедничкото соопштение на Г7 кое го објави британското Министерство за надворешни работи.

Г7 очекува Русија како прв чекор да го спроведе најавеното намалување на воените активности долж украинската граница.

– Сè уште не видовме докази за намалување на овие активности, наведоа министрите за надворешни работи на Г7.

Тие исто така ја потврдија „солидарноста со народот на Украина и поддршката за напорите на Украина да ја зајакне својата демократија и институции“ и охрабрија натамошен напредок во реформите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ФСБ уапси молдавски државјанин кој планирал бомбашки напади во Русија

Песков: Продолжувањето на санкциите на Трамп против Русија не е неочекувано

Трамп: Русија по грешка го гранатираше центарот на Суми, тоа е војна на Бајден

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зеленски: Ова можеше да го направи само целосно пореметено ѓубре

Катерина Ѓуровски

Жестоки реакции за рускиот напад на Суми: „Варварски чин“

ВИДЕО: Снимен моментот на ударот во Суми

Катерина Ѓуровски