ФСБ: Спречивме напад на воени аеродроми во Русија

Од:

Руските безбедносни служби тврдат дека го спречиле обидот на Украина со беспилотни летала да нападне воен аеродром во централна Русија.

ФСБ во соопштението на својата веб-страница соопшти дека цел на нападот бил авион А-50, дизајниран да дејствува како воздушен систем за рано предупредување, на аеродромот Северни во регионот Иваново. Аеродромот е оддалечен 250 километри од Москва и околу 700 километри од украинската граница.

ФСБ соопшти дека нејзините агенти ја спречиле операцијата во соработка со руското Министерство за внатрешни работи.

Пилотот на лесното летало и другите членови на, како што ја нарече руската безбедносна агенција, „диверзантска група“ се уапсени во областа Тула, јужно од Москва, откако полетале од Украина, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск

Русија тврди дека ноќеска уништила 66 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

АП: Русија подготвува нова офанзива

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Договорот за примирје во Црното Море сè уште не е финализиран

Туск: Европа размислува за зајакнување на санкциите против Русија