„Фридом хаус“: Слободата на Интернет во опаѓање ширум светот

Од:

Слободата на Интернет опаѓа во целиот свет, бидејќи властите во земјите ширум светот ја ограничуваат со се понапредниот надѕор, со затворање опозициски Интернет страници поради „незаконски содржини“, се заклучува во најновиот извештај на организацијата „Фридом хаус“.

Од 60 земји во кои е спроведено истражувањето, во 34 е забележан пад на слободата на Интернетот во текот на изминатата година, но во 16 земји ситуацијата се подобрила.

Во 36 земји владите „или набавиле модерни технологии на надѕор, или усвоиле нови закони кои им даваат поголеми овластувања за следење“, се вели во извештајот на „Фридом хаус“.

Сепак, се појавил и еден позитивен тренд – нагорна линија на он лајн активизмот, во вид на протести против закони кои ја загрозуваат Интернет слободата, а како резултат на тие кампањи 11 земји, меѓу кои Филипини и Мексико, успеале да ги укинат или ублажат законите кои ја ограничуваат слободата.

Иран, Куба, Кина и Сирија се меѓу земјите со најголемо ограничување во користењето на Интернетот, додека Исланд, Естонија и Германија се земји во кои корисниците имаат најголема слобода. Зад нив се САД.

САД, меѓутоа, остро се критикувани поради „загрижувачко опаѓање“ на слободата на Интернетот, главно како резултат на распространување на практиката на контролирање, кога поранешниот соработник на ЦИА Едвард Сноуден, објави доверливи информации за американската кибер шпионажа.

Би можело да ве интересира

Таравари по извештајот на „Фридом хаус“: Да се ​​отстрани корупцијата од власта, да се отвори вратата за новата генерација

Пад на Македонија во извештајот на Фридом хаус: Назадување во владеењето на правото и борбата со корупција

Македонија останува делумно слободна земја според „Фридом хаус“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски