Франсоа Оланд ќе смирува, помирува и обединува

Од:

Новиот француски претседател Франсоа Оланд денеска стана стана 24-от претседател на Франција од 1848 година или седми претседател во Петтата француска република воспоставена во 1958 година.

http://www.youtube.com/watch?v=aQTq2qFYW8Y

Во својот говор тој рече дека Франција ќе тргне по „нов пат“, таа треба да смирува, помирува и обединува, сите разлики да се надминат и сите поделби да не прераснат во раздор. Тој вети дека ќе ја „подигне Франција во правда и ќе придонесе за мирот во светот“.

„Улогата на претседателот на Франција е да придонесе заедно да живеат сите Французи без оглед на разликите“, додаде Оланд.

Скромната инаугурацијата започна утрово во 10 часот по локално време во Елисејската палата каде Саркози му ги предаде должноста и шифрите на француските нуклеарни сили на новиот претседател.

Оланд го истакна местото на Франција во Европа и светот, ги поздрави сите предходни претседатели од Петтата француска република и на крајот на својот колега Саркози му посака најубави желби.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили