Франсоа Оланд ги брани своите реформи наспроти конзерватизмот и популизмот

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд во новогодишното обраќање до нацијата ги бранеше започнатите и идните реформи наспроти конзерватизмот и популизмот, без притоа да даде ветувања или големи најави за 2015 година, по како што ја нарече „тешката“ 2014 година, јавува дописникот на МИА од Париз.

– Ние ги имаме сите причини за да имаме доверба во нас, но под еден услов: да напредуваме, да покажеме храброст, да го отфрлиме статус квото, да се отстрани назадувањето, изјави Оланд, често користејќи го „јас“, како да сакаше да потенцира дека во извршната власт, тој е кој што раководи, а не премиерот.

– Јас издржав и одлучно го следев правецот кој што си го утврдив, нагласи Оланд, залагајќи се за „упорност, постојаност и долготрајна работа“.

Франсоа Оланд со своето обраќање како да сакаше да ја сврти страницата на 2014 година, која беше одбележена со поделби во неговото сопствено мнозинство со заминувањето на Зелените од владината коалција, заминувањето од Владата на дел од министрите од левото крило на Социјалистичката партија и фељтонот со неговиот приватен живот. На прво место скандалот со Валери Триервеилер, но и аферите на некои од неговите министри кои затајуваа данок или пак учествувале во местење на јавните наддавања. На еден начин, Франсоа Оланд им порача на своите симпатизери и на Французите дека останува во трката за претседател и во 2017 година.

Испитувањата на јавното мислење покажуваат дека неговата популарност се подобрува, но тој и понатаму е на дното.

Минатата година за Франсоа Оланд остана одбележена како година на изборни порази на општинските и европските избори. Потоа продлабочувањето на дефицитот, отсуството на економски раст и рекордната невработеност.

Наспроти невработеноста, тој повеќе не дава ветувања дека тенденцијата ќе биде променета, туку само дека ќе треба да се дадат иницијативи кои на крајот ќе бидат успешени.

Оланд притоа е убеден дека „Франција е подготвена да се трансформира, но и вие исто така“, им порача на французите.

– Мојата обврска, со владата на Мануел Валс, е да направам се, за да направам зафати кои ќе ја подготват Франција за утре, да дадам се за нашата земја, истакна Оланд.

Првата етапа во таа насока е донесувањето на новиот закон за активноста и економскиот раст, кој ќе треба да ослободи енергии за предприемачите. Или како што вели францускиот претседател, законот треба да го „подмлади француското општестево“.

– Франција ќе напредува во 2015 година во сите области и за сите. Оваа борба ќе ја водам до крај, против конзерватизмите, кои се бројни, и против популизмите кои се опасни, потенцира тој.

„Пактот за одговорност“, стапува денеска во сила, кој е една од реформите од минатата година, притоа Оланд ги повика претпријатијата да „вработуваат и инвестираат“.

– Наспроти заканите кои се зголемуваат, како тероризмот, и фундаметализмот, ќе успееме да се заштитиме, додаде францускиот претседател.

Од неодамна големиот бранител на екологијата, Франсоа Оланд нагласи дека 2015 година е значајна за планетата, залагајќи се за „декларација за правата на човештвото“ при светската конференција за климата, чиј домаќин ќе биде Франција кон крајот на годинава.

– Ќе направам се во Париз оваа година конференцијата да биде успешна, инсистираше францускиот претседател.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лансиран е сателитот кој заеднички го развија Кина и Франција

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен

Макрон го распушти собранието и распиша избори за 30 јуни

A1on

Тежок пораз на Макрон на европските избори, Ле Пен ја запечати победата

A1on