Французите повеќе и веруваат на Европската Унија отколку на својата влада

Од:

Најновото истражување во Франција покажа дека граѓаните имаат повеќе доверба во ЕУ отколку во владата на нивната земја во врска со вакцинацијата против коронавирусот.

„Политико“ пренесува дека истражувањето на агенцијата „Харис интерактив“/„Јурос“ покажува дека дури 52 проценти од испитаниците имаат повеќе доверба во ЕУ, додека 45 проценти рекле дека имаат доверба во француската Влада за вакцинацијата против коронавирусот.

Француската Влада е на удар на критики заради бавниот почеток на кампањата за вакцинација, која заостанува зад повеќето земји на ЕУ.

Истражувањето спроведено од 26 до 28 јануари, на примерок од 1.017 испитаници, покажа дека 80 проценти од испитаниците сметаат дека е подобро процесот на вакцинација да го водат здравствени работници.

Исто така, истражувањето покажа дека дури 69 отсто од граѓаните имаат повеќе доверба во локалните власти, а 63 отсто во Светската здравствена организација.

Воедно, и фармацевтските компании се подобро рангирани меѓу граѓаните отколку владата.

Едно од прашањата во истражувањето е „дали граѓаните се загрижени за кампањата за вакцинација“, на што 77 проценти од нив одговориле дека се плашат.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано