Французин меѓу џихадистите на ИД на видео од убиството на американски хуманитарен работник

Од:

Меѓу џихадистите од Исламска држава, прикажани на видео снимката на која се гледа убиството на американскиот хуманитарен работник Питер Касиг и заробен сириски војник, се појавува и францускиот државјанин Максим Ошар, потврди денеска обвинителството.

Ошар (22) потекнува од мало село во Нормандија. Тој најверојатно заминал за Сирија во август 2013 година, откако една година минал во Мавританија, изјави францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев.

Канцеларијата на париското обвинителство соопшти дека постојат докази со кои се потврдува учеството на Французинот во погубувањето на сириските затвореници, прикажано на претходно објавената видео снимка.

Француските власти во август отворија истрага за случајот на Ошар поради „криминално здружување поврзано со терористичка организација“, соопшти судски извор.

Според податоците објавени од државното обвинителство во Париз, околу 1.100 лица за кои постои сомнеж дела се приклучиле на исламистите се под истрага и надзор на француските власти, а против 95 наскоро ќе биде покренато обвинение.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лансиран е сателитот кој заеднички го развија Кина и Франција

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен

Макрон го распушти собранието и распиша избори за 30 јуни

A1on

Тежок пораз на Макрон на европските избори, Ле Пен ја запечати победата

A1on