Француските социјалисти денес ќе го загубат мнозинството во Сенатот – горниот дом на парламентот

Од:

Сенаторските избори во Франција ќе треба да дозволат обновување на една половина од Горниот дом на францускиот парламент. За 179 сенаторски места во трка се 1732 кандидати. Според анализите, социјалистите ќе загубат мнозинство во Сенатот, кој за првпат премина во нивни раце пред три години, јавува дописникот на МИА од Париз.

Сенаторските избори во Франција се индиректни, на нив гласаат само т.н. „големи избирачи“, односно претходно избрани лица во општинските, департманските и регионалните совети, меѓу кои 95 отсто од избирачите се општински советници.

По последните локални избори, природно ќе треба да и се даде на десницата мнозинство во Сенатот. Владејачките социјалисти, кои имаа климаво мнозинство во сенатот, денес ќе претрпат трет по ред пораз, по поразот на европските и општинските избори.

Сепак, преминувањето на Сенатот на страната на десницата нема да може да го спречи спроведувањето на политиката на владата на Мануел Валс иницирана од претседателот Франсоа Оланд.

Во претходниот мандат на Франсоа Митеран или кога премиер беше Лионел Жоспен, Сенатот беше во рацете на десницата. Сенаторите можат само да го забават донесувањето на законите, но секогаш во францускиот парламент последниот збор го има Националното собрание.

И, за разлика од Националното собрание, сенаторите не можат да ја срушат владата. Франсоа Оланд може да види забавување на дел од неговите реформи како статутот на претседателот на Врховниот судски совет, правото за гласање на странците, ратификацијата на европската повелба за малцински и регионални јазици, закони кои бараат промени на Уставот и кои се носат на заедничка сесија на Сенатот и Националното Собрание на Конгрес во Версај, ка де е потребно мнозинство од три петтини од сите парламентарци.

На Оланд му останува да ги донесе новите закони со референдум, на кој често Французите гласаат против владата не одговарајќи на поставеното прашање. Националниот Фронт се надева да освои барем едно сенаторско место, а како кандиат за иден претседател на Сенатот, втора по важност личност во француската република по таа на претседателот на Републиката се споменуваат имињата на сенаторите од УМП Жерар Ларше Филип Сантини.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили

Голема потера во Франција по избегани криминалци