Француските авиони Ирак ги извршија првите бомбардирања на позициите на Даеш

Од:

Француските воени авиони од типот Рафал изутринава ги извршиле првите напади врз позициите на џихадистите во Ирак, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Првата борбена акција на француската воена авијација, доаѓа само 12 часа по најавата на претседателот Франсоа Оланд, дека даде зелено светло за „возушна поддршка“ побарана од ирачките власти во борбата против Исламската држава (која во Франција се повеќе се нарекува Даеш –како што таа се нарекува на арапски јазик).

Францускиот претседател даде одобрување за возушни напади, тој пред новинарите во Елисејската палата појасни дека нема да има француски војници во Ирак.

– Терористичкото движење Даеш просперираше во сирискиот хаос, и треба да се каже, тоа беше поради инертноста на меѓународната заедница, рече Оланд, мислејќи тука на воздржаноста на американскиот претседател Барак Обама, кој се спротистави на евентуалните бомбардирања против сирискиот режим во 2013 година, за што Франција се залагаше. Веднаш по најавата на Оланд за вклучување на француската авијација во воените десјствија во Ирак,одлуката на Париз беше поздравена од Барак Обама.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили

Голема потера во Франција по избегани криминалци