Францускиот Парламент ќе гласа за симболично признавање на Палестина

Од:

Француските владејачки социјалисти најавија дека националното Собрание во текот на овој месец ќе гласа за повеќе симболичната резолуција за признавање на палестинската држава, со надеж дека таа ќе може да помогне за завршување на деценискиот судир меѓу Израел и Палестинците.

Прифаќањето на резолуцијата од страна на Долниот, помоќен дом на Парламентот, ќе испрати сигнал до Владата на претседателот Франсоа Оланд, чиј збор е одлучувачки, наведуваат американските медиуми.

Неименуван француски функционер најави дека гласањето е  планирано за 28 ноември.

Британските пратеници во октомври гласаа слично, симболично признавајќи ја Палестина, а Шведска неодамна стана најголемата земја од западна Европа која ја призна палестинската држава, што предизвика протести од страна на Израел.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина