Францускиот Национален Фронт позајмил девет милиони евра од руска банка

Од:

Националниот Фронт – партијата на француската крајна десница, позајмил девет милиони евра од една руска банка за да ги финансира идните предизборни активности, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Информацијата прво беше откриена од интернет порталот „Медиапар“, по што за радиот Франс Инфо, благајникот на Националниот Фронт (НФ). Валеран де Сант-Жуст, ја потврди информацијата.

-Ниту една друга банка не сакаше да ни позајми ниту еден цент, објсни тој.

Една недела пред конгресот на НФ, партијата која има 25 европратеници потврди дека веќе добила два милиона евра од „Форст Чек Русиан Банк“, со камата од шест отсто годишно.

Претседателката на НФ, Марин Ле Пен, уште во октомври во интервју за неделникот „Нувел Обсерватор“, изрази жалење поради неможноста да земат заем од француските банки и појасни дека затоа тие преговарале со банки од САД, Шпанија и Русија.

НФ е евроскептична партија и та јавно, во Стразбур и Брисел, и, пред се, во Франција, ја критикува политиката на Франција и ЕУ кон Русија во однос на украинската криза. Партијата има долгогодишни врски со Русија.

Делегации на НФ постојано имаат прием на највиско ниво при нивните посети на Москва.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лансиран е сателитот кој заеднички го развија Кина и Франција

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен

Макрон го распушти собранието и распиша избори за 30 јуни

A1on

Тежок пораз на Макрон на европските избори, Ле Пен ја запечати победата

A1on