Францускиот национален центар за Филмот сака да ги ограничи хонорарите на актерите

Од:

Францускиот национален центар за Филмот (ЦНЦ) сака да ги ограничи хонорарите на актерите, режисерите сценаристите, открива весникот „Ехо“ чие пишување го пренесува дописникот на МИА од Париз.

Управниот одбор на ЦНЦ деновиве усвоил резолуција која оди во оваа насока. Според истата, ако хонорарот на актерот, реализиаторот или сценаристот на филмот надминува извесен процент од финансискиот план на филмот, истот филм повеќе нема да можи да бара поддршка од јавните фондови со кои располага ЦНЦ.

Во француската јавност предизвика големо бранување трибината на Вансан Маравал објавена пред две години во „Монд“, околу платите на француските ѕвезди на седмата уметност.

– Зошто еден рениомиран француски актер, кој се вика Ванасан Касел, Жан Рено, Марион Котијар, Гад Елмалех, Гијом Кане, Одре Тутѕ, Леа Сејду, за еден француски филм, кој остаува ограничен само на француските граници, добива хонорари од 500 000 до 2 милиони евра, додека кога снимаат во америкнаски филм, чиј пазара е целиот свет, се задоволуваат со хонорари од 50 000 до 200 000 евра?, напиша тогаш продуцентот на оскаризираниот филм „Уметникот“.

– Зошто на пример, Вансан Касел снима во Black Swan (226 милиони евра на приходи во светот) за 226.000 евра, додека во „Месрин“ (со 22,6 милиони евра во светот) снима за 2,5 милиони евра? Десет пати помалку приходи, пет пати повеќе хонорари, тоа е економијата на францускиот филм, рече Вансан Маравал.

Оваа негова трибина го наведе францускиот филм, поточно институциите кои го поддржуваат да започнат размислување за начинот на неговото финансирање. Најпрво беше изработен извештај по барање на министерството за култура, чии заклучоци беа претставени пред професијата.

Едниот од заклучоците се однесува на „диспропорционаланта уметничка цена преку јавната помош“.

Според новите правила, ЦНЦ повеќе нема да ги помага-финансира филмовите чија цена е помала од четири милиони евра, ако хонорарот на ѕвездата надминува 15 отсто од цената на продукцијата, односно 600.000 евра. Процентот се спушта на осум отсто за филмовите чија продукција е меѓу четири и седум милиони евра, и пет проценти ако таа е меѓу седум и десет милиони евра. Додека за филмовите со вредност од над десет милиони евра за продукција, хонорарот максимално може да изнесува 900.000 евра.

Франција има сопствен систем за финансирање на филмската уметност во светот, комбинација на аванс од приходите, регионална помош, како и обврска на телевизиските канали да финасисраат филмови.

ЦНЦ од своја страна зема 10,7 отсто од цената на секој продаден билет во кината, средства кои потоа служат за финансирање на нови филмови. Дирекцијата за конкуренција а Европската комисија во ова гледа индиректна субвенција за техничките индустрии.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили