Францускиот „Алстом“ казнет во САД со 772 милиони долари за давање поткуп

Од:

Францускиот индустриски гигант „Алстом“ е казнат во САД да плати 772 милиони долари, откако беше обвинет за подмитување владини функционери во Индонезија и Египет заради склучување бизнис зделки.

Обвинувањето го покрена американското Министерство за правда, кое тврди дека „Алстом“ има создадено посебна шема за давање поткуп при склучувањето на договори со странски влади и партнери.

Во обвинувањето се вели дека оваа голема француска компанија дала 75 милиони долари за подмитување за да обезбеди зделка во вредност од четири милијарди долари.

Ова е досега највисока казна, која кому било е изречена во САД за повреда на меѓународното право против давање поткуп.

Висок претставник на „Алстом“ познат производител на возови, турбини за електрични централи и цела низа други прозводи во сообраќајниот и енергетскиот сектор, изјави дека компанијата ја прифаќа казната и изрази жалење поради она што е направено

„Алстом“ се соочува со уште едно судско рочиште, овојпат во Велика Британија, каде секторот за турбини на компанијата и двајца негови високи функционери, се обвинети од британското Биро за борба со тешки измами, за давање мито. Првото судско сослушување е закажано за 5 јануари идната година.

Оваа француска индустрија западна во тешкотии откако светот пред шест години беше зафатен со банкарската и финансиската криза, која предизвика пад на побарувачката за нејзините производи.

Во јуни годинава, најголемиот дел од „Алстом“ беше преземен од американскиот гигант „Џенерал Електрик“ но казната изречена во САД ќе мора да ја плати само францускиот „Алстом“ а не Американците.

Би можело да ве интересира

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Ослободена е невината жена која поминала 43 години во затвор во САД

Горан Наумовски

Во Лос Анџелес е издадена наредба за евакуација поради ширење на шумски пожар

(ВИДЕО) Избегната трагедија во забавниот парк Оукс: Се расипа „нишалото“, посетители висеа на 30 метри висина

Смит: И се заблагодарувам на Македонија за одвојувањето на два проценти од БДП за одбраната

Горан Наумовски