Француски џихадист осуден на седум години затвор во Париз

Од:

Флавиан Моро е првиот француски државјанин осуден на седум години затвор поради учество во војната во Сирија, јави дописникот на МИА од Париз.

Дваесет и осумгодишниот џихадист беше суден во Париз по враќањето од Сирија, додека Фарид Џебар беше осуден на четири години затвор, од кои 18 месеци условно, поради допишувањето со него.

Флавиан Моро е по потекло од Јужна Кореја, посвоен како дете на возраст од две години од фрацуски родители, досега бил осудуван повеќе пати за прекршоци направени во младоста. Потоа тој преминува во исламска вера, студира арапски во Египет, потоа се радикалзира и одговара на повикот за џихад.

Пред судот Флавиан Моро раскажа како пронашол водич кој го пренел во сириските села под контрола на исламистите, каде купил калашников и муниција, Тој притоа тврдеше дека не учествувал во борбите и дека вршел само стражарски должности.

Според неговиот исказ, во Сирија тој останал само десетина дена. Поради забраната за пушење тој ги напуштил исламистите.

Ова верзија не се согласува со таа на радиото Европа 1, кое тврди дека исламистите не го прифатиле поради тоа што не покажал слаба способност да се служи со оружјето.

Вниманието на француските служби беше привлечено по неговото интервју за швајцарскиот весник „Ле Темс“, каде се претстави под името Абдел Фатах. По враќањето во Франција беше уапсен во 2013 кога се подготвувал да се врати во Сирија. Во телефонските прислушувања се појави и името на второосудениот Фарид Џебра, кој не патувал во Сирија, но добил две банкарски исплати од страна на Флориан Моро.

Франција во која живее можеби најголемата муслиманска заедница во Европа, е земјата која го има најголемиот контигент на џихадисти. Според податоците, околу 1.000 лица се вклучени во џихадистички групи, а околу 580 лица се бореле или се борат во Сирија. Сирија не е единствената земја каде заминуваат француските џихадисти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили