Француската Влада по вторпат ја суспендира екотаксата

Од:

Француската Влада по вторпат оваа година го суспендира воведувањето на „екотаската“ – вид на еколошки данок за товарните возила, кој требаше да се применува само за товраните возила кои се во транзит, јави дописникот на МИА од Париз.

Причината за повторното суспендирање на екотаската според оправдувањата на министертсвата за заштита на природната средина и транспорт се тешкотиите за нејзиното спроведување.

Одлуката е донесена по консултациите на министрите Сеголен Роја и Алан Вифалис со пртетставниците на федерациите за патен транспорт.

Според Сеголен Ројал оваа нова давачка беше предвидено да стапи на сила во декември 2015 година, но се бараат решенија за да не се загрозат работните места во секторот на патниот транспорт.

Француските транспортери најавија дека од идната недела ќе започнат акции против воведувањето на екотаксата, чија експериментација требаше да започне на почетокот од месецов. По одлуката за нејзиното сусепндирање, тие исто така ги откажаа протестите.

Ако оваа одлука ги задоволи патните транспортери, таа предизвика незадоволство кај екологистите, кои сметаат дека тоа претставува победа на патното лоби. Раководителот на движењето Европа-Екологија- Зелени, Емануел Косе изјави дека е „скандализиран“, ваквата одлука, која е донесена само една година пред самитот посветен на климата во Париз.

Социјалистичката влада по втор пат го супендира воведувањето на екотаксата, изгалсана во времето на Никола Саркози. Првиот пат беше владата на Жан-Мар Еро во 2013 по протестите во Бретања.

Откако беше објавен парламентраниот извештај, кој се залага за воведување на оваа одредба, Сеголен Ројал се заложи за замена на екотаската со еден вид на друга такса за товарите возила кои се во транзит, која ќе покрива само 4300 километри од патната инфраструктура на Франција. Оваа такса требаше да донеси околу 500 милиони евра годишно во државната каса, а претходната верзија предвидуваше 800 милиони евра.

За да се надомести недостигот на приходи, владата одлучи да ја зголеми цента на дизел горивото за 0,02 евра по литар, која нема да ја плаќаат патните превозници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили