Француската десница го освои Сенатот

Од:

Како и што беше очекувано, опозицијата повторно го освои Сенатот (Горниот дом на францускиот Парламент), само шест месеци по поразот на владејачките социјалисти на локалните избори. Истовремено ултрадесничарскиот Национален фронт доби две сентаторски места, јави дописникот на МИА од Париз.

По првите парцијални резултати од денешните сенатроски избори во Франција, на кои имаат право да гласаат само така наречените „големи избирачи“, односно претходно избрани лица во општинските, департманските и регионалните совети, меѓу кои 95 проценти од избирачите се општински советници, опозициските УМП и УДИ повтрно стануваат мнозински во Сенатот.

Имено, УМП и УДИ по конечното пребројување на гласовите ќе можат да сметаат на мнозинство од 10 до 20 сенатори повеќе од тие кои доаѓаат од актуелната владејачка коалиција на левицата.

Победата на УМП и УДИ беше очекувана по синиот бран на локалните избори, што им дозволи да имаат повеќе гласачи за сенаторските избори.

Изнеандувањето доаѓа од Националниот Фронт, првпат во историјата има два сенатори во Горниот дом, односно тоа се Стефан Равие од Марсеј и Давид Рашчин од Вар.

Според Марин Ле Пен, тоа е „апсолутно историска победа“, притоа таа не го криеше задоволството од изборот на двајцата сенатори од нејзината партија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили

Голема потера во Франција по избегани криминалци