Француска уметница казнета затоа што позирала гола во светилиштето на Богородица во Лурд

Од:

Француската уметница Дебора де Робертис е казнета на суд затоа што позирала гола пред влезот на Светилиштето на Нашата Богородица во Лурде, како дел од уметнички акт во 2018 година. Казната е парична и изнесува 2.000 евра, според француските медиуми.

На 31 август 2018 година, уметницата, која има и француско и луксембуршко државјанство, се појави гола, покриена само со сина наметка преку главата и споени раце како за молитва, пред влезот на едно од најголемите католички светилишта во светот. При перформансот, Де Робертис ја имитирала статуата на Дева Марија, која се наоѓа во познатата пештера, каде што според преданијата, Богородица 1858 година се појавила пред девојче од блиското село Лурд.

Во Светилиштето се поклонуваат католици од цел свет. Поклониците кои во тој миг се нашле на местото, биле згрозени, според нивни сведоштва. Некои повикале полиција, а некои побрзале да ѝ наметнат облека на артистката.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили