Француска анализа тврди дека децата ретко се преносители на Ковид-19

Од:

Студија, спроведена од професорот Роберт Коен, потпретседател на француското здружение за педијатри покажа дека децата се ретко преносители на коронавирусот.

Студијата целосно ја сврте улогата на децата во ширењето на епидемијата, откако на почетокот на пандемијата се тврдеше дека тие се големи преносители.

Оваа студија беше спроведена во регионот Ил де Франс од страна на 27 педијатри од 14 април до 12 мај и со неа беа опфатени 605 деца.

Роберт Коен вели дека децата под 15 години навистина не се многу заразни.

-Кога идентификуваме заразено лице и ги тестираме неговите роднини, сфаќаме дека децата се два до пет пати помалку носители на вируси отколку возрасните, вели тој.

Професорот поставува неколку хипотези во „Ле Паризиен“ за тоа зошто децата се поретко носители на вирусот,

-Се чини дека имаат помалку рецептори за вирусот на нивната носна слузница. Децата, исто така, би можеле да бидат подобро заштитени затоа што веќе имале други коронавируси: ова е вкрстен имунитет. Се чини како тие да имале обука. Повеќе во форма на анегдота ние се прашуваме дали нивната мала големина не е предност: односно тие кога ни зборуваат нивните честички од плунката не ги имаме право в лице“.

Според професорот Коен, враќањето на децата на училиште треба да се забрза, но со редовно миење на рацете.

Би можело да ве интересира

Татко ги терал децата да питачат, а парите ги трошел во казино – доби пријава

Анита Петровска Рајковиќ

Ваучери од 50 евра за наставничките, за родителите срамно е децата да им носат цвеќе

Орце Костов

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

Орце Костов

Група деца се затруле со чист алкохол во Белградски клуб: Последиците може да бидат страшни

А1он

Пријавен обид за грабнување деца од училиште во Карбинци

Анита Петровска Рајковиќ

Родители бараат да се постават камери во градинка во Дебар: Сакаме да знаеме како ни се третираат децата

Орце Костов