Франција: Спасени 12 мигранти во каналoт Ла Манш

Од:

Дванаесет мигранти, меѓу кои и едно дете, биле спасени денеска на северното француско крајбрежје, додека се обидувале да го преминат каналот Ла Манш за да стигнат до Велика Британија, соопштија француските власти, јави дописникот на МИА.

Ова е прва спасувачка операција на мигранти во Франција од почетокот на 2020 година. Спасувачките служби биле „предупредени директно“ од мигрантите „кои забележале проблем со чамецот“, соопшти префектурата на Ла Манш и Северното Море.

Групата во која имало и две жени и едно дете била успешно спасена и немало ниту еден повреден.

Од крајот на 2018 година, обидите за преминување на каналот се зголемија и покрај опасноста од големиот сообраќај, силните струи и ниската температура на водата. Во 2019 година биле пресретнати 2.758 мигранти кои се обидоа да го преминат Каналот, четири пати повеќе отколку во 2018 година, според поморската префектура.

Би можело да ве интересира

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти