Франција смета дека повлекување на руски војници од украинската граница би било добар знак

Од:

Франција се уште не може да потврди дали Русија повлекува дел од војниците од границата со Украина, но ако информациите се точни, тоа би бил „позитивен знак“, изјави портпаролот на француската влада Габриел Атал.

– Ако се потврди, ова е добра работа, рече Атал.

– Ова покажува дека можеме да го продолжиме дијалогот, дека патот на дипломатијата е пат по кој можеме да се движиме понатаму.

Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека некои војници во воените области на земјата во непосредна близина на Украина се враќаат во своите бази по завршувањето на вежбите. Ккао реакција на тоа, на девизните пазари се бечежи раст на вредноста на рубљата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати